Read in:
Goldman Environmental Prize (Награда за животна средина Goldman) им оддава почит на шест херои за животна средина
Во годината кога се одбележува 30 годишнината од востанувањето, наградата е доделена на активисти од Чиле, Северна Македонија, Либерија, Монголија, Куковите Острови и САД
ЗАБРАНЕТО ДО 29 АПРИЛ 2019, ДО 02:00 (PDT), 05:00 (EDT), 10:00 (GMT)
За прашања од медиумите во САД Emily Nauseda, goldmanprize@allisonpr.com, +1 408-688-7227
За прашања од медиумите од Европа/ОК: Rachel Thackray, rachelthackray@gmail.com, +44 (0)7973 618304
САН ФРАНЦИСКО, 29 април, 2019 година — Фондацијата за животна средина Goldman ги објави шесте добитници за 2019 година Goldman Environmental Prize, водечката светска награда за грасрут активизам (активизам од народот) за животна средина.
Наградата за животна средина Goldman се доделува еднаш годишно на заслужни херои за животната средина од шест населени светски региони во чест на достигнувањата и лидерството на грасрут активисти за животна средина од целиот свет, со што нè инспирира сите нас да преземеме нешто за да ја заштитиме нашата планета.
Оваа година се одбележува 30 годишнината од наградата, којашто беше востановена во 1989 година во Сан Франциско од страна на филантропите и граѓански лидери Рода и Ричард Голдман. Како што Ричард Голдман еднаш истакна „Би сакале да го оставиме светот малку подобар одошто го најдовме“ Во текот на овие 30 години, наградата остави огромен печат на планетата. До денес, наградата е доделена на 194 добитници од 89 различни нации и истата расветли многу критични прашања со кои се соочува Земјата.
Многу сум возбудена и инспирирана од овие шест пионери во областа на животната средина, рече Сузи Гелман, претседател на Фондацијата Голдман. „Секој од нив беспоштедно се спротивстави да ја запре неправдата, да стане лидер кога лидерството беше критичнo и поразија моќни непријатели кои би наштетиле на нашата планета. Тоа се шест обични а сепак необични, човечки суштества кои не потсетуваат дека сите имаме своја улога во заштитата на Земјата.“
Наградата ќе им биде доделена на победниците на затворена церемонија само за поканети гости денес во 17:30 часот во Зградата на Операта на Сан Франциско (овој настан ќе се пренесува во живо на интернет на goldmanprize.org). Ќе следи церемонија на Националната Академија на Науките во Вашингтон Округ Колумбија, во среда, на 1ви мај во 19:30 часот.
Овогодинешните победници се:
BAYARJARGAL AGVAANTSEREN (БАЈАРЈАРГАЛ АГВАНТСЕРЕН), Монголија
Bayarjargal Agvaantseren помогна да се создаде Tost Tosonbumba (Тост Тосонбумба природен Резерват од 1,8 милиони акри во Јужната пустина Гоби—критично живеалиште за ранливиот снежен леопард—и ја убеди владата на Монголија да го забрани целокупното експлоатирање на руда во резерватот.
ALFRED BROWNELL (АЛФРЕД БРОВНЕЛ), Либерија
Под закана со насилство, адвокатот за животна средина Alfred Brownell го запре целосното сечење на тропските шуми во Либерија од сопствениците на плантажи за палмино масло. Неговата кампања заштити 513,500 акри од примарни шуми што сочинуваат едно од светските најважни места за биоразноликост. Заради негова безбедност, тој живее во привремен егзил во Соединетите Држави.
АНА ЧОЛОВИЌ ЛЕШОСКА, Северна Македонија
Ана Чоловиќ Лешоска водеше кампања седум години за да го запре меѓународното финансирање за две големи хидроцентрали планирани во Националниот парк Маврово во Северна Македонија, со што го заштити живеалиштето на скоро исчезнатиот Балкански рис.
ALBERTO CURAMIL (АЛБЕРТО КУРАМИЛ), ЧИЛЕ
Alberto Curamil ја организирал неговата Мапуче заедница за да го запре градењето на два хидроелектрични проекти во светaта река Каутин во Чиле. Проектите би пренасочиле стотици милиони галони вода секој ден, нанесувајќи штета на критичниот екосистем и влошувајќи ги условите за суша. Во 2018, Курамил бил уапсен и останува во затвор до денес. Колегите веруваат дека тој бил избран за апсење поради неговиот активизам.
JACQUELINE EVANS, (ЖАКЛИН ЕВАНС) Кукови Острови
Jacqueline Evans водеше кампања пет години за да го заштити извонредниот морски биодиверзитет на Куковите Острови. Поради нејзиното упорно организирање, Куковите Острови донесоа ново законодавство – Marae Moana (Марае Моана) – за да се управува одржливо и да се заштитат сите 763.000 квадратни милји од територијата со океан на државата, означувајќи области за заштитен морски свет околу сите 15 острови.
LINDA GARCIA, (ЛИНДА ГАРСИЈА) Соединетите Држави
Linda Garcia ги организираше локалните жители да ја запрат изградбата на Tesoro Savage терминал за извоз на нафта во Ванкувер, Вашингтон. Со спречување на градбата на најголемиот терминал за нафта во Северна Америка, Гарција запре ток од 11 милиони галони на сирова нафта на ден од Северна Дакота во Вашингтон.
ВНИМАНИЕ ЗА УРЕДНИЦИТЕ: Детални биографски податоци, фотографии и видео од сите победници се достапни на барање или на интернет на www.goldmanprize.org/pressroom
###
За наградата за животна средина Goldman
Наградата за животна средина Голдман беше востановена во 1989 година од починатите граѓански лидери и филантропи од Сан Франциско Ричард и Рода Голдман. Добитниците на наградите ѓи бира меѓународно жири со тајни номинации поднесени од светска мрежа на организации за животна средина и поединци.